недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рауфи: Има затвореници со коронавирус и државата го крие тоа

Рауфи: Има затвореници со коронавирус и државата го крие тоа

Владините мерки за заштита од вирусот корона треба да се спроведуваат и во судството, бара адвокатот Насер Рауфи.

Според него, набиената агенда во судовите претставува потенцијален ризик за зараза, но и ширење на Covid-19 како за адвокатите така и за судиите и обвинителите.

Во изјава за ЖУРНАЛ, Рауфи истакна дека има затвореници кои што се многу болни и ниту еден доктор не оди да ги прегледа, и дека ова државата го крие.

Тој, дури е и убеден дека има затвореници кои се заразени од новиот коронавирус, но дека истите немаат никаков медицински третман.

Рауфи апелира, надлежните да направат ревизија во затворите и да им дадат соодветен медицински третман на затворениците.

-Секако дека треба да се одложат судските рочишта. Само кај оние предмети на кои што инсистираат адвокатите, мислам на предмети за притвор на кои што инсистира адвокатот или обвинетиот за да се одржат, другите сите треба да се одложат. И во затворите треба да се направи ревизија, има многу болни. Има болни и од новиот коронавирус и ова надлежните органи го кријат затоа што немаат услови да ги лекуваат, рече адвокатот Рауфи во изјавата за Журнал.

Тој истакна дека има и со други многу потешки заболувања како хепатити, и порача дека тие треба да се пуштат или во домашен притвор или затвор.

Со Законот за кривична постапка, вели Рауфи, предвиден е и домашен затвор, не само домашен притвор.

Најнови вести