понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Разликата е очигледна: Мицкоски и Заев вчера имаа телевизиски гостувања, граѓаните покажаа за чии ставови имаат интерес (ФОТО)

Разликата е очигледна: Мицкоски и Заев вчера имаа телевизиски гостувања, граѓаните покажаа за чии ставови имаат интерес (ФОТО)

Синоќа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев имаа свои гостувања на македонските телевизии.

Мицкоски беше гостин на ТВ21, а Заев гостуваше на телевизија Алсат-М.

Во време на предизборна кампања, јасно е дека кај граѓаните постои интерес да погледнат телевизиски гостувања на претседателите на партиите од власт и од опозиција, но разликата е голема во тоа чии интереси примамиле гостувањата.

Имено, двете телевизии на своите официјални Фејсбук страници, емисиите ги пренесуваа во живо, па денес може да се види за кое телевизиско гостување кај народот имало поголем интерес.

Интервјуто на Зоран Заев на Алсат-М го гледале 1.700 граѓани, а гостувањето на Мицкоски на ТВ21 го следеле 26.000 лица.

 

 

Најнови вести