Цел свет веќе се вакцинира против коронавирус, државите покажаа грижа за заштита на своето население, народот е спокоен и среќен.
Само Македонија нема вакцини, државата покажа голема негрижа, а народот живее во страв и неизвесност.
Додека во државите, како ширум светот, така и во нашето опкружување, се набавуваат залихи веже и за втората доза, се вакцинираат илјадници граѓани на дневна основа, кај нас нема ниту една вакцина, а Заев и Филипче уште “разгледуваат“.
Градот Бања Лука пред кус период доби нов градоначалник, младиот Драшко Станивуковиќ. Тој превзема во свои раце многу чекори, а особено е посветен на помош од секаков вид за своите граѓани. Иако не е негова надлежност, Станивуковиќ набавува вакцини за жителите на својот град.
Тој најави дека градот ја почнал подготовката за процесот на вакцинација и дава поддршка со дополнителни пунктови ако е потребно за граѓаните.
На социјалните мрежи, се пофали со оваа мерка, а тој и неговите поддржувачи ја искористија Македонија како лош пример, па направија споредба: „И Бањалука пред Македонија, дами и господа“!
Регионот ни се потсмева! Македонија покажа неодговорност, неспремност, негрижа! Граѓаните не добија вакцини, а бројот на заразени и починати секој ден расте.