понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани 107 прекршувања на забраната за движење во изминатите 24 часа, од почеток на мерката над 400

Регистрирани 107 прекршувања на забраната за движење во изминатите 24 часа, од почеток на мерката над 400

Забраната за движење во изминатите 24 часа ја прекршиле вкупно 107 на територија на Македонија. Според информациите на Курир, 91 лице ја прекршило забрана за движење од 21 до 5 часот.

Меѓу прекршители на изречените мерки за забрана за движење се и шест лица под 18 години. Десет граѓани на возраст над 67 години ја прекршиле мерката за забрана на движење која се однесува на оваа возрасна категорија на граѓани.

Од вкупната бројка на прекршители на забраната за движење во изминатите 24 часа, приведени се 34 лица, опоменати 47, а за останатите се обработуваат податоците по што против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од почетокот на воведувањето на забраната за движење, Министерството за внатрешни работи регистрирано вкупно 408 прекршувања на оваа мерка.

Најнови вести