четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет

Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет

По писмено барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите, Романија донесе одлука да испрати авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана.

– Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка, се вели во писмото што министерката Шекеринска го испрати до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Најнови вести