сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Романската премиерка Виорика Данчила во посета на Македонија

Романската премиерка Виорика Данчила во посета на Македонија

Претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Данчила ќе има средба со премиерот Зоран Заев и владина делегација во Владата на Република Македонија.

Пред платото на Владата во 12 часот ќе биде организиран официјален, свечен пречек на романската владина делегација предводена од премиерката Данчила.

Заев и Данчила ќе остварат официјална тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете влади.

Романската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. 

Најнови вести