понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ не успева да го испере Бекир Асани

СДСМ не успева да го испере Бекир Асани

Откако Бекир Асани, висок функционер нападна полициски службеник на МВР кој ја вршеше својата должност, а потоа излезе дека полицијаката Јасмина Јаначковска сама се повредила, СДСМ се обидува на секој начин да го одбрани Асани. Последниот е нарачаното интервју за Мактел.мк, а Асани ни помалку ни повеќе во меѓувреме по нададот на полицајката продолжи со нападите те со закани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

На ова реагира и новинарската фела. Жанета Трајковска од Македонскиот институт за медиуми го повикуваат министерство кое има докази да го расчисти и случајот со полицајката, и воопшто што се прави Асани. Дека СДСМ не успева да го одбрани функционерот на ДУИ покажува и фактот што новинари блиски до оваа партија ги критикуваат чекорите и начинот на кој актуелната власт и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидуваат да го одбранат Асани.

Новинарот Бранко Героски се офласи и со текст. Тој пишува:  „Колеги новинари, ве повикувам да го прекинете овој малодушен молк и сите заедно најостро да ги осудиме навредите и заканите од лицето Беќир Асани упатени кон нашиот колега Насер Селмани. Веднаш! Без страв! Без скрупули! Знам дека некои од вас се зафатени со негување на своите нови фетиши, со одбрана на новата власт, со скицирање на “големата слика”. Факт е и тоа дека некои од нас во минатото жестоко полемизираа со Насер за разни прашања. Меѓу нив сум и јас. Но, сите тие причини сега не можат да го оправдаат нашиот молк. На колегата Селмани, освен што му е потребна поддршка од меѓународниот фактор (ја добива) и 24-часовна физичка заштита од полицијата, најмногу ќе му значи нашата колегијална поткрепа. Апелирам до сите да му ја пружиме!“

И долгогодишниот партиски активист на СДСМ, Ивор Мицковски веќе подолго време ги критикува чекорите на владата предводена од социјалидемократите. Така тој се огласи и за овој случај со Асани, како и за интервјуто на Аасани за Мактел.мк кое има јасна цел.

Најнови вести