четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ стои зад монструозните закани по живот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп Борче Јовчески, ЈО да реагира!“

„СДСМ стои зад монструозните закани по живот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп Борче Јовчески, ЈО да реагира!“

Во текот на вчерашниот ден преку социјалната мрежа Фејсбук беа упатени закани по животот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески и неговото семејство. Зад ваквите напади и закани стои СДСМ, кои се директен мотиватор на говорот на омраза и заканите кон луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата го повикува ЈО да не молчи и да реагира во однос на заканите кон кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески во насока на откривање на идентитетот на заканувачот и негово санкционирање.

– Заканите и говорот на омраза се предизвикани од речникот и тезите кои ги користи СДСМ. И сите вакви изливи на примитивизам и канибализам се инспирирани од Зоран Заев и неговите политики на оцрнување на луѓе. Згрозува монструозноста со која СДСМ се служи и сето тоа поради нервозата од поразот кој им следи и во Прилеп и на секаде низ Република Македонија. На народот му се гади од ваквите политики на власта и затоа следува казна од народот за СДСМ, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести