четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се крупни отпорот, Македонија реагира, протестира и блокира за оставка на Заев

Се крупни отпорот, Македонија реагира, протестира и блокира за оставка на Заев

Протестира цела Македонија. Денес протести во Скопје, вчера вечер протести се случија во Крива Паланка, Кратово, Струмица, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Македонски брод, Крушево, Кичево, Гостивар и Струга, но не изостануваат ниту реакциите во јавноста за срамното однесување на македонскиот премиер Зоран Заев, па секојдневно е на мета на негативни реакции од граѓаните. Се чини дека отпорот се крупни, Македонија протестира за конечна оставка на Заев.

Не стивнаа ниту реакците на социјалните мрежи по скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев. Тој по сите напади и навреди,  по острата реторика кои доаѓаат од Софија, нашиот премиер го нема нигде да одговори на истите, ниту пак Министерството за надворешни работи и актуелниот или екс-министерот Никола Димитров се произјасни деновиве за понижувањата од страна на бугарските политичари.

По реакцииите кои следуваа во јавноста очигледно е дека Македонија е на нозе, па протестите во дури 11 градови од исто време на кои со свиреше од автомобили, со македонски песни и македонски знамиња се вееја со порака Заев да си даде оставка.

Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Кратово меѓу граѓаните порача „Протести со цел да се чуе гласот на македонскиот народ на кого навистина му е дојдено преку глава од понижувања и виткање на кичма“.

Во Кичево, пратеникот Антонијо Милошоски порача дека се “одброени деновите на корумпираниот Заев кој тргува со националните интереси, како и тоа дека „ треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава“.

„Ако сега се откажеме од македонската историја и идентитет, ние свесно се откажуваме од нашето минато и сегашност, да не го дозволиме тоа„. Оваа порака од Гевгелија ја упати пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова. Таа додаде дека „е недозволиво актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентите, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев“.

На протестот во Неготино, пратеникот Златко Пенков побара извинување од Владата и Заев за искажаните ставови и откажување на македонската историја и идентитет во интервјуто за бугарската национална агенција БГНЕС.

Пратеничката Благица Ласовска од Свети Николе порача: „Скандалозните изјави на Зоран Заев, во она срамно и понижувачко интервју ја доотворија пандорината кутија која што ја отвори со Преспанскиот договор. Неговото срамно хазардерство го понижи македонскиот народ и храброста на загинатите борци од народноослободителната борба“, како и дека „секој граѓанин очекува одбрана на националната чест и достоинство“.

Во Струга пратеникот Ѓоргија Сајковски и стружани порачаа да се прекине со катастрофалните лоши политики и Заев да поднесе оставка. „Не може да се посегне по меморијата на граѓаните што ни ја пренеле нашите претци. Не може да ни биде одземен мајчиниот јазик, македонскиот јазик. Не може да ни биде одземена државата“, беа дел од пораките на протестот.

На протестот во Гостивар пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ порача меѓу гостиварчани дека Македонија има синови и ќерки на кои не може Заев со пари да им ја купи гордоста, а гордоста е Македонија, затоа Заев треба да отстапи веднаш и да си замине.

Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ порача меѓу гостиварчани дека Македонија не е своина на Заев, и тој нема право да ја распродава, затоа што не ја поседува, па го нарече Заев најголем предавник на својот народ, а неговиот срам ќе престане кога ќе си даде оставка.

Васил Дрвошанов македонски јазичар и поет, на протестот во Струмица порача дека помина времето на страв, затоа што „отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ“, и „нема да се дозволи да се избришат нашите корени“, ги повика сите граѓани да бидат единствени за да ја зачуваат Македонија.

Не изостануваат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи кои прикажуваат историски факти на најразлични начини со слики и текстови, наспроти тврдењата на премиерот дека историјата треба да се заборави. Граѓаните порачуваат „Заев да си замине, затоа што доаѓа Македонија“, „Заев не може да се испере од срамот“ пишува жителка на Ресен, од Крушево граѓани порача „Македонија не е на продажба“, „Време е срамот да запре“, вели еден граѓанин од Скопје.

Силен отпор има и на Твитер мрежата каде граѓаните со иронизирање на состојбата и со исмејување на Заев и Димитров, како и целовкупната власт во најголем број на негативни коментари.

 

 

 

Не изостануват ниту реакции од академската фела, лингвистите во свој блог за лингвистика на македонскиот јазик наречен Јазичарница, се пишуваше вчера за „осумте разлики помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик“.

Се повеќе повици за поголем отпор, се повеќе луѓе на улиците низ Македонија, како и апели до меѓународната заедница за поддршка и осуда на премиерот Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер ги најави денешните блокади во Скопје, една блокада пред Владата во 12:30 часот и една пред Министерството за надворешни работи во 13:00 часот, и посочи дека во наредниот период како се зголемуваат реакциите од граѓаните, силно ќе се спротивстави народот и нема да се дозволи тргување со историјата.

Најнови вести