недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се плаши ли Заев од народот па свесно ја турка Македонија во нова криза?!

Се плаши ли Заев од народот па свесно ја турка Македонија во нова криза?!

Се плаши ли лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од народот па свесно ја турка државата во нова, овој пат политичка криза?!

Пред три месеци Македонија ја зафати пандемијата со коронавирусот, а малку подоцна влезе и во очекуваната економска криза. Сведоци сме секој ден како другите држави прогласуваат победа над коронавирусот, денес тоа го стори и Еминуел Макрон, францускиот претседател.

„Војната против епидемијата не е готова, но среќен сум поради оваа добиена прва битка против вирусот“, изјави Макрон.

Предходно тоа го стори Црна Гора, а бројот кај нашите соседи секојдневно се намалува, а со тоа се враќа животот во нормала. Но во Македонија се случува обратното, бројот на заболени и починати од овој вирус драстично се зголеми, а економијата тоне се подлабоко и подлабоко. Дали ваквата ситуација во државата е поради задоцнетите мерки и не сериозност на македонските власти?

Но од викендов Македонија е на прагот да влезе во нова криза, овој пат политичка.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е решен по секоја цена да оди на избори, без притоа да обезбеди конкретни протоколи со кои ќе се гарантира здравјето на граѓаните, без ОБСЕ и ОДИХР. Во секоја демократска и нормална држава, без набљудувачи нема избори, едноставно така функционира демократскиот свет, кој очигледно Зоран Заев го гледа поразлично од сите.

Вчера прес-конференција одржа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој побара одложување на изборите за десетина дена, со цел да се обезбеди услови за фер и демократски избори.

-ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава. Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицкоски.

Тоа значи дека Зоран Заев доколку сака фер и демократски избори како што говори, треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и изборите да се одложат за само десетина дена и истите наместо на 5 јули да се одржат кон средината на истиот месец.

Заев вчера веднаш по прес конференцијата на Мицкоски преку Фејсбук статус се огласи, каде повторно го повтори неговиот став, а тоа се избори на 5 јули.

-Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност, напиша Заев.

Ќе оди ли Македонија на избори без конкретни протоколи за заштита од коронавирусот и без набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР или власта на Заев ќе се вразуми и ќе го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме.

 

Најнови вести