четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се размислува за јавно објавување на имињата на лицата кои не сакаат да одат во самоизолација

Се размислува за јавно објавување на имињата на лицата кои не сакаат да одат во самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат се соочува со сериозен проблем со лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, наведе на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека се размислува и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат, а една од опциите е јавно да се објави  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација.

-Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според законот за управна постапка, и  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи Филипче.

Тој, одоговарајќи на прашањето дали е запознаен дека Инспекторатот се соочува со проблем бидејќи одредени граѓани одбиваат да ги земат решенијата за самоизолација оти не се двојазични, рече дека постојат различни причини поради кои тие не сакаат да ги земат решенијата, и оти исто така, луѓето даваат грешни адреси, грешни телефонски броеви, како и погрешни податоци за нивните контакти.

–  Инспекторите не можат да ги најдат овие лица и тоа е еден сериозен ризик. Затоа многу често апелираме и да се даваат точни податоци и да се соработува и со епидемиолозите и со инспекторите на ДСЗИ, нагласи Филипче.

Министерот кажа дека голем е проблемот со тоа да се поделат решенијата за самоизолација, како мерка против ширење на Ковид-19, и од таа причина тие повикале и на помош вработени од Собранието за да им помогнат на инспекторите за изготвување и делење на решенијата. (МИА)

Најнови вести