Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб етер од променлив правец.
Во вторник времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Според долгорочната прогноза на „Accuweather“, до крајот на месецот март ќе имаме сонце, облаци, но не и дожд.
Погледнете: