сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се запишал на Универзитетот во Утрехт, но нема да добие државна стипендија – причината парадоксална

Се запишал на Универзитетот во Утрехт, но нема да добие државна стипендија – причината парадоксална

Влегол во трката да магистирира на престижен холандски универзитет но земјава не му доделила стипендија. Младиот правник, Петар Барлаковски, вели дека побарал поддршка од Министерството за образование бидејќи школувањето и престојот во Холандија не може да си ги дозволи, објавува Сител.

Според конкурсот, кандидатите за државна стипендија е потребно да имаат завршено прв циклус студии, нивниот просек да е над 8,50 и да се примени на универзитет рангиран меѓу првите 10 во светот според Шангајската листа. Барлаковски вели дека ги исполнувал сите критериуми согласно конкурсот ама добил негативен одговор.

Од министерството за образование велат дека Барлаковски е одбиен за државна стипендија поради разликата во бројот на кредити.  Апликантот имал 180, а со едногодишните мастер студии од Утрехт ќе имал вкупно 240 кредити.

„Според нашиот систем, магистер е лице со образование кое обезбедува 300 кредити и нема да може да се спроведе постапка за нострификација на дипломата“, велат од МОН.

Барлаковски знаел за ова па запишал магистерски студии и на правниот факултет  во Скопје но вели дека комисијата тоа не го зела во предвид.

Младиот правник најави дека ќе се жали на одлуката од Министерството за образование на како што вели, правно-необразованата комисија која го разгледувала барањето за државна стипендија.

Инаку на истиот Универзитет пред две години ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров доби стипендија од државата во висина од 40.000 илјади долари.

Владата ја почести ќерката на министерот Димитров со 40.000 долари стипендија?!

На итна седница на штотуку формирана комисија во Минситерството за образование било одлучено Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да добие стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија, открива Магазин.

Порталот дознава дека на 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерка за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

Министерството за образование и министерот Димитров треба да одговорат дали исплатата на овие 40.000 долари или други средства поврзани со студиите на ќерката на министерот за надворешни работи биле исплатени на или во име на Јана Димитрова додека траела забраната за исплата? За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара, вака пишуваше Магазин пред две години.

 

Најнови вести