понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја води државата во погрешна насока на политички и економски план

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја води државата во погрешна насока на политички и економски план

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа седница на која биле разгледани и се расправало за повеќе точки.

Од партијата соопштуваат дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ констатирал дека државата се води во погрешна насока и на политички и на економски план, за што главен виновник е актуелната Влада предводена од СДСМ.

-Погрешните политики и безидејноста на Владата на СДСМ, резултираат со влошување на ситуацијата во државата при што се загрозени владеењето на правото и демократијата, а се практикува и реваншизам кон неистомислениците, вршејќи политички терор врз нив. Недостатокот на визијата од страна на СДСМ за економски силна и стабилна држава, пак резултира со драстично влошување на економската состојба и негативен импакт на сите економски параметри во нашата држава, кои крајно резултираат со секојдневно, драстично осиромашување и безмилосно задолжување на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението од партијата.

Воедно, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на работна група за ажурирање на членството на ВМРО-ДПМНЕ составена од членови на Извршниот Комитет, кои во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе отпочне со ажурирање на членството.

Најнови вести