Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата за инагурацијата на новиот претседател на државата ја започна и ја води на албански јазик, користејќи го своето право кое му е дадено со Законот за јазици што беше изгласан пред неколку месеци.
Присутните гости, претседателите на Србија и Бугарија користеа слушалки за превод.
Пендаровски ја положи својата заклетва, а пред присутните на свечената седница за инаугурација на претседател , рече дека ќе ги почитува сите граѓани на државата , а не само оние кои го избрале и ќе биде претседател на сите.