понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисија за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисија за надворешна политика, е ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници, на чиј дневен ред, меѓу другото е одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

МИА

Најнови вести