Поминаа седум години од најмонструозното убиство кое Македонија го памети во поновата историја. Годините минуваат, но болката кај роднините на убиените не поминува.
Сол на нивната рана е фактот што убијците се на слобода. Во целата темнина која со години ја живеат, искра надеж добија во ветувањата на Заев дека со нив ќе сподели докази.
Но, сфатија дека политичарот само сакал власт, а не правда. Беа најгрубо изиграни, а тоа беше уште еден удар кој ги боли многу.
КОД објави цел документарец за трагичната судбина, а во него ги имаше и сведоштвата на родителите на убиените момчиња.
Огорчени се на неправдата која актуелниот премиер им ја нанесе.
-Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо.
-Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо.
-Неговата гаранција видовте колку им вреди.
Дел од емисијата, погледнете го во продолжение: