сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шилегов отпушта политички неистомисленици, а Заев ја полни администрацијата со партиски кадри

Шилегов отпушта политички неистомисленици, а Заев ја полни администрацијата со партиски кадри

Градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов во своето гостување во 1ТВ соопшти дека се има сериозен проблем, општ не во Македонија не само во Градот Скопје, сериозен дел од буџетските средства одат за плата на администрација.

Градскиот татко вели дека при тоа во ниското ниво на администрација се сериозно превработени, шофери, чувари, обезбедувања, курири и тој тип на тој профил што прави притисок да не можете да ја дадете атрактивни плати на способните луѓе за повисоките работни места, и тие ни се по дефиниција празни.

Во Градот на Шилегов му било доста тешко дури и да ангажира компјутерџија затоа што платата што може да му ја понуди стартна е околу 24.000 денари.

Шилегов појасни дека очекува со стратешката одлука на тоа долно ниво да нема вработувања со цел да го ослободи буџетот на Град Скопје за плати, за да може повисоките работни места да понуди поатрактивни плати, бидејќи им требаат способни луѓе. Бидејќи тие луѓе треба да ги управуваат процесите во администрацијата.

Со самата оваа изјава на Шилегов најави бркање на политички неистомисленици со цел администрацијата да се наполни со партиски кадри. Сето ова го најави и Зоран Заев на една од владините пресконференции.

-Се работи за крај на година и почеток на година за делот на пополнување на испразнети места. Нема нови зафаќања од буџет. Буџетот е донесен и знаете дека е во рамките, освен зголемувањето од 5% и некаде 10% во самите институции каде што се, се работи за испразнети места кои што се испразнети во второто полугодие од 2018-та година, а сега само се пополнуваат и тоа само дел од тие места се пополнуваат. Водиме политика каде што само неопходните места ги пополнуваме и затоа уште еднаш апелирам да се погледне податокот каква била јавната администрација во бројки порано каква е сега. Работиме со помалку бројна јавна администрација и верувам дека секоја потреба на државата ќе биде соодветно пополнета ама зборувам за секоја соодветна потреба, нагласи Зоран Заев на една од прес конференциите во Владата на Република Македонија.

Најнови вести