сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штипјанец повторно заболел од ковид 19

Штипјанец повторно заболел од ковид 19

Штипјанецот еднаш заболел, оздравел и повторно бил инфициран и во моментов се наоѓа на болничко лекување, информираше денеска директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓијев, пренесува ммс.мк

На инфективното одделение во моментов се лекуваат 35 пациенти заболени одковид 19, 11 се сомнителни случаи. Најмногу пациенти има од Штип, но има и од Кочани, Виница, Пробиштип , Берови и од други места.

Денес во Штип се евидентирани 11 ново заболени од короновирусот. Од почетокот на пандемијата до сега заболени се 887 лица а во моментов се активни 433 лица.

Како што информираше директорот, до крајот на овој месец ако се завршат сите процедури треба да пристигне и болничкото возило со најсовремена опрема, донација од германската амбасада во вкупна вредност од 38.000 евра, пишува ммс.мк

Во тек се и подготовките за изградбата на монтажната болница, што ќе биде еден од 16-те Ковид центри во државата.

Најнови вести