четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Да го преселиме Ахмети во Америка, Обама стана претседател не како афроамериканец туку како демократ

Силјановска: Да го преселиме Ахмети во Америка, Обама стана претседател не како афроамериканец туку како демократ

Професорката и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1, Гордана Силјановска Давкова во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ истакна дека е редо феномен некој кој не е лидер на партија да стане премиер. Професорката земајќи го примерот на Обама потенцираше дека тој стана претседател како демократ, а не како афроамериканец. Таа посочува дека програмата е клучна и го поставува прашањето како граѓаните би прифатиле за премиер човек чија програма не победила на изборите без разлика дали тие гласале за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

-Прво редок феномен е некој кој не е лидер на партија да стане премиер, освен ако не се работи за експертска Влада. Документи и акти има на Советот на Европа дека од никој не може да се бара да ја деклалира задолжително својата етничка припадност, кај нас за жал за пратеник да се кандидирате треба да напишете етничка припадност. На прашањето зошто сме ние sui generis Ви одговараат заради комитетот за односи меѓу заедниците. Незамисливо. Трето да кажам, леле сега било времето ајде на американска почва да го преселиме, на Обама чекаа 250 години, но тој не стана претседател како афроамериканец туку како демократ. Истото е и со градоначалникот на Лондон кој што стана градоначалник како Лаборист, почитуван и угледен човек. Ајде да се вратам, нашиот Устав вели дека премиерот се бира од лидерот на партиите што обезбедиле мнозинство. Е сега прашувам дали ви е вам логично да победи една партија на избори, се разбира се победува со програма, сите денеска велат програма, програма, програма, а потоа иако не бил дури ни во предизборна коалиција, има случаи кога врз основа на сродноста на програмите коалиции предизборни. Истапуваат со иста програма па па граѓаните гласаат за таа програма. Како ќе биде сега една партија да победи на избори, еве ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ да победи со програма и да стави за премиер човек кој ниту е лидер на партија или пак ако е лидер на партија не поминала неговата пргорама.

Најнови вести