вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

20-метарски за ДУИ, 5-метарски обелиск за СДССС

20-метарски за ДУИ, 5-метарски обелиск за СДССС

На пратениците им се стемни. На Македонија и Македонците одамна…

Првите снемаа струја во Собрание. На вторите веќе 5 години им се темни од антимакедонските злодејанија на Заевци, Алиевци, Ковачевци и бандата. Сега, по пензионирањето на Црпко, редно бил да се пензионира и Педагогот. Да, и врапчиња шушкаат…

Таљо Џафери, екс командант Форина, а според новите сознанија „командант Скопско“, поради некоја си таму „претседателска“ врска со начинот, фреквенцијата  и количеството на конзумација пијалаци,  отера се’ „УПМ“ и јасно на сите им кажа да си е.ат мајката. Немаше точка, ниту запирка. Појасно, здравје. Арно ама, командантот, бил форина ил скопско, зборуваше на македонски. Ја сакал пустиот ил не придавката прекрасна и најубава. На страна што неговиот министер К/Грешник Бектеши таа иста придавка, многу-многу и не ја обожува. Добро, значи, Форина/Скопско им се обраќал на Македонци, вработени во собранието. Инаку, би говорел албански на „тонското“, пуста е.ана логика, акординг ту Форина…

Аха, за појаснување, тој е. А тоа е појасно, здравје. Не е, саде за престолнаследникот на Црпко, Ковачевски, кому не му било јасно кој кому зборува, па не можел да даде оценка, коментар ли. На сите во Македонија им беше јасно, ама Таче монархонаследник не сконтал чиј е гласот и адресата?!?! Викајте ги Хорацио и Грисом од ЦСИ, форензика под итно, нема друго чаре…

Во исто време, другарчето на командант Скопско/Форина, Артан Нежни, сакаше со НАШ влог од САМО 10 МИЛИОНИ евра (е.ани, би рекол менторот му Скопко/Форина) да си отвори паралелен албано-нежни бизнис со коцкарници? Еј, ова ни невенчаното маже на Царовска вљубено во дронови и тендери на Таполегов не го правеше, нели? Да, ама на демократот кој направи кариера тепајќи македонски деца на Калето, тоа му лежи. Башка, ачик. Арно ама, не му успеа. Статива. Поради, како што велат, „крајно неуспешната опозициска активна блокада на собранието“…

Најмногу аздиса К/Грешник Бектеши, кој со својата глупост налути многу Македонци. Да, оној НЕМАКЕДОНСКИОТ МИНИСТЕР на ДУИ. Не дека некој некогаш и мислеше дека е македонски, ама кога ќе кажеш јавно, башка во Тирана, велат, друго е…

Најважен аздис во крешчендото, кое толку јасно го најаувува нивниот криминално-криминогено-владејачки крај, е Ахмети и неговиот споменик од 20 метри во Слупчане. Метар за секоја година на власт. До тука е ок, ама „само“ 200 илјади евра?!?! Малку е. Тоа е „само“ 10 илјади за секоја година на власт, а тие крадеа по 100 милиони годишно, не е фер, ама ич… Реално, како Македонија, споменикот не’ чини две-три милијарди евра, гарант и повеќе со рамковно вработените кои не одеа на работа… Велат, „стратешките партнери“  сконтале дека некој премногу зулум прави во протекторатот, па заедно со ненаситната банда од СДССССм, ќе ги тргнеле во пакет и дводецениските  владејачи од интегративно-новозелената ориентација. Бош муабети од северниот протекторат, ништо важно, нити сериозно…

Да, 20-метарскиот споменик на ДУИ е за Алиев „гудбај парти“, како голо обележје на секоја од 20-те години крадење на Македонија, на секое е.ано поле, што би рекол командант Скопско/Форина…

По чиста аналогија, значи, на споменикот на Заевци, „живи били па видели наесен“, СДССССС во чест на владењето ќе треба да си изгради саде 5-метарски споменик/обелиск?!?!?!?

Горе со роза, тупаница, Црпко, куфер евра или безрбетна амеба ќе биде дотичниот?

За ликот и формата ќе си решат северџаните. Пофер, здравје. Ќе го дигнеле во Нивици, тоа е неспорно, веќе имале и градежна дозвола. Сега за сега, 5 метри висина. И да, метражата и натаму зависи од нас, ај да не им правиме мака за да градат поголем и поскап. Фер. Заради нас. И заради МАКЕДОНИЈА.

Ајде, да не ги ставеме во трошок Заевци…