Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ 1 на вечерашната последна дебата за овие предвремени парламентарни избори, на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ се осврна на политикте на протививникот, на СДСМ
„Она што не чини, а има многу работи, еве во неколку толки. Прво, она што се спроведуваше и она што беше кажано во 2016 година е многу различно, Заев викаше дека нема да го смени името, ама го смени. Второ, социјалдемократска партија која дојде со прогресивен данок, обележје на социјалдемојратијата веднаш се откажа. Трето, социјалдемократија во Македонија нема“, рече Силјановска.
Професор Силјановска се осврна и на актуелната ситуација во државата.
„Политиколошката дијагоза вели дека ова е заробено општество, слаба држава што потсетува на Рим пред пропаѓањето. Ни треба правна држава, квалификувана администрација, учителите и учениците да направат сојуз. Ни претстои обединување, а тоа може да го направи ВМРО-ДПМНЕ“, рече Силјановска.