недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Скопската котлина зафатена од невреме, УХМР предупредува на нестабилно време до крајот на денот

Скопската котлина зафатена од невреме, УХМР предупредува на нестабилно време до крајот на денот

Од УХМР информираат дека од раните попладневни часови во земјава на повеќе места е нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а имаше и изолирана појава на ситен град. Во моментов нестабилно е и во Скопската Котлина. Правецот на движење на облаците е од север кон југ и југозапад, стои во Фејсбук објавата на Ценатарот за управување со кризи.

Додаваат дека до крајот на денот и понатаму ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Најнови вести