четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Следува пад на температурите, еве кога може да го очекуваме снегот

Дневната температура во местата со магла ќе остане пониска, а во останатите ќе се задржи релативно топло преку денот за овој дел од годината.
Следува пад на температурите, еве кога може да го очекуваме снегот

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека ќе продолжи периодот на стабилно и претежно суво време. До четврток најчесто ќе дува слаб јужен ветер поради што по котлините ќе има појава на температурна инверзија, која ќе биде најизразена од утре до петок.

Утре, а потоа и во периодот до четврток ќе има и појава на магла, а некаде и ниска облачност по долините и речните долини. Во овој период на североистокот и во Скопско, од утре кон среда ќе има малку поизразено струење, па преку денот маглата ќе слабее, но се очекува условите за магливо време и понатаму да останат.

Дневната температура во местата со магла ќе остане пониска, а во останатите ќе се задржи релативно топло преку денот за овој дел од годината.

Од среда попладне се очекува зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд, некаде на југот. Значителна промена на времето се очекува од петок преку денот и ќе биде проследена со умерен северен ветер и врнежи од дожд, а на планините од снег. Позначително спуштање на температурата ќе се почувствува во сабота.

Најнови вести