понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Снегот предизвика проблеми на патиштата: Поради лавина во целосен прекин патот Маврово-Дебар

Снегот предизвика проблеми на патиштата: Поради лавина во целосен прекин патот Маврово-Дебар

Поради лавина на патот во целосен прекин е сообраќајот на патот Маврово – Дебар, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот на поголем дел од патиштата низ државата. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На планинскиот превој Стража намалена е и видливоста до 100 метри поради магла.

Најнови вести