Се јавија уценетите од Заев. Се јави Александрова Емилија секогаш кога за тоа ќе и нареди Заев, веројатно следна е Нола. Ама нема поголемо лицемерие од тоа пратеничката “побегуља” која гласаше со двете раце за промена на името и ги изневери гласачите кои и дадоа мандат да збори за виткање на кичма. Мислам дека таа тој поим не го разбира па еве да го објаснам попластично. Виткање кичма е да гласаш за промена на името поради лични привилегии, и да газиш по интересот на народот. Виткање на кичма е да го послушаш братучедот Сашо Мијалков и да му го штитиш криминалот.
Виткање кичма е да не кажеш збор за криминалот на Заев и Заеви а постојано да ја напаѓаш партијата која ти даде леб. Виткање кичмна е да се продадеш за да си ги сочуваш привилегиите и да си ја вработиш ќерката во услови на тиранско владеење на Заев. Виткање кичма е да не кажеш ниту збор за тоа како братучедот се стекна со чиновчничка плата со хотел среде центарот на градот. Виткање кичма е да мислиш дека си актуелен пратеник и да одработуваш за Заев тогаш кога си поранешен пратеник. Не бараш враќање на парламентот затоа што си уверена во тоа туку да продолжиш незаслужено да земаш плата од народот кој те изгласа, а го предаде.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го декласира СДСМ и криминалците во СДСМ, кога и да има избори. Но исто така треба да знаеш дека искористените чевли секогаш први се фрлаат во корпа за отпадоци. Брзо ќе ви заврши и вашата употребна вредност на Заев. А потоа ќе си продолжиш да шеташ низ Берово со главата во земја.
Фејсбук статус на Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ.
Се јавија уценетите од Заев. Се јави Александрова Емилија секогаш кога за тоа ќе и нареди Заев, веројатно следна е Нола….
Gepostet von Ivan Sokolov am Montag, 4. Mai 2020