недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево и топло, во четврток локален краткотраен дожд и грмежи

Сончево и топло, во четврток локален краткотраен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 37 степени. УВ-индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде до 17, а дневната температура до 34 степени.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи. 

Најнови вести