понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 34 степени

Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во наредните денови, како што информираа од УХМР, продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.

Најнови вести