вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со температура до 36 степени, попладне услови за дожд

Сончево со температура до 36 степени, попладне услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 35 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање

Најнови вести