недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени

Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 17, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според УХМР, до сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а особено топло ќе биде во петок и во сабота.

Во четврток попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најнови вести