Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен поради најавениот политички митинг од 20 часот, соопштија од МВР.
Од 20 часот за сообраќај ќе се затврои и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.
Од МВР информираат дека возилата на јавниот градски превоз ќе можат да се движат по улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ во двете насоки.