Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Covid 19.
-Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 месецов, а тестот го направил на 6 месецов, кога е потврдено дека е позитивен, пишува на ФБ Чулев.
Последната негова средба со ова лице била на 24 минатиот месец. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.