понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советникот на Заев, Командант Хоџа тврди: ВЕРУШЕВСКИ СТОИ ЗАД СЛУЧАЈОТ СОПОТ! (ВИДЕО)

Советникот на Заев, Командант Хоџа тврди: ВЕРУШЕВСКИ СТОИ ЗАД СЛУЧАЈОТ СОПОТ! (ВИДЕО)

Шокантни тврдења од страна на човекот кого Заев си го избра за свој советник за безбедност, Шаќири – командант Хоџа. Тој тврди дека Зоран Верушевски учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили ,припадници на АРМ, па дури и НАТО војници.

За командант Хоџа, актуелната Влада има доста високо мислење. Така, премиерот лично си го вработи во кабинетот за да го советува за безбедност, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го оправда ова вработување чудејќи се зошто некој истото го нарекува контроверзно. Владата на СДСМ преку нејзини високи претставници тврдеше дека овој човек има углед и е познавач на теренот.

КУРИР деновиве објави низа скандалозни изјави од Шаќири, но најголемиот скандал го вадиме на очиглед на јавноста денес.

ВНИМАТЕЛНО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТВРДЕЊАТА ДАДЕНИ ВО ИНТЕРВЈУ ВО 2010-ТА ГОДИНА

КУРИР ВИ ГИ ПРЕНЕСУВА НАЈСКАНДАЛОЗНИТЕ ДЕЛОВИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ЧОВЕКОТ КОГО ЗАЕВ ГО ИЗБРА ЗА СВОЈ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ!

Новинар: За доказите говоревте и во 2003-та, 2004-та и 2005-та година. Дали може барем еднаш да кажете кои се тие лица или тој човек кој ја подметнал бомбата во Сопот? Рековте дека ги имате доказите и ако сите овие личности од политиката во Македонија и од меѓународниот фактор знаат кој го сторил тоа, зошто тогаш да не се спомнат имиња?

Шаќири: Ние случајно наидовме на едно 16-годишно момче кое било принудено да подметне мина во Сопот, ни ги кажа сите детали.

Новинар: За кого станува збор?

Шаќири: Тоа е Артим Дестани од селото Лојане, младо момче кое било манипулирано од тогашните структури на југословенската УДБА и денешна ДБК во Македонија предводени од ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ.

Новинар: Претходно го спомнавте и Зоран Верушевски. Која била неговата улога во сето ова?

Шаќири: Преку канцеларијата на ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ како поранешен директор на ДБК овие процеси биле монтирани, ја подметнаа експлозијата во кумановската железница близу село Ваксинце, две бомби во Куманово, две во Скопје, едната близу гимназијата, не знам дали бепе средно или основно училиште, но за среќа бомбата експлодираше пет минути пред децата да излезат, едно лице почина.  Друга мина експлодираше над село Лојане каде почина војник на АРМ. ВЛАДО БУЧКОВСКИ беше министер, сите овие докази ги имаат институциите во тоа време. Многу добро денес знае ВЛАДО БУЧКОВСКИ да излезе да покаже добра волја да изјавува во корист на случајот Сопот. Бучковски можел тоа да го направи подобро во тоа време, да не изигрува демократ и праведен сега во 2010-та, бидејќи тоа можел да го направи која бил премиер бидејќи располагал со сите докази, бидејќи кога ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ замина имал негов близок директор, Миле Зечевиќ!

 

Овие терористички акти во јавноста предизвикаа страв и тензии. Државата беше доведувана до нестабилност , а состојбата имаше потенцијал да предизвика меѓуетнички судир.

Лицето кому премиерот Заев му даде максимална доверба да го советува за БЕЗБЕДНОСТ, тврди дека зад случајот СОПОТ стои Зоран Верушевски. Јавноста многу добро знае, пак, каква е поврзаноста меѓу Верушевски и Зоран Заев.

Во 2003-та година, само две години по конфликтот во 2001-ва, двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево-Сопот. Следуваше тензична атмосфера на безбедносен и меѓуетнички план.

Сличајот долги години се влечеше по судници. Во март 2010-та година се слушна пресудата.

-Единаесеттемина жители на селото се виновни за поставување на мина на железничката пруга во селото во 2003 година кога загинаа двајца војници од контингентот на НАТО и еден жител на селото. Вкупно ќе треба да одлежат 150 години затвор. Шестмина од нив се осудени на затворска казна затвор во траење од 15 години, а еден на 14-годишна затворска казна, пренесоа медиумите.

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева го бараше случајот Сопот во своја надлежност.  Потоа се откажа од гонење за тероризам на обвинетите во случајот СОПОТ, бидеќи немала доволно докази. Осудените, беа ослободени од затвор.

ДА СЕ ИСТРАЖАТ ТВРДЕЊАТА НА КОМАНДАНТ ХОЏА, ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ НАЗНАЧЕН ЗА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ

ВРЗ ОСНОВА НА РЕЛЕВАНТНОСТА НА ИЗВОРОТ, ЧОВЕК ВО КОГО ПРЕМИЕРОТ И ВЛАДАТА ИМА СИЛНА ДОВЕРБА ДА ИМ БИДЕ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ, СЕ ОЧЕКУВА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО НАЈБРЗО МОЖНО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО ОДНОС НА ОВИЕ КВАЛИФИКАЦИИ.

КОМАНДАНТ ХОЏА Е ОЧИГЛЕДНО ЛИЦЕ ВО КОЕ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ИМААТ МАКСИМАЛНА ДОВЕРБА И ЗА КОГО ТВРДЕА ДЕКА Е ДОБАР ПОЗНАВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ. ТОА Е ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ЗА ОВИЕ НЕГОВИ ТВРДЕЊА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ВИДЕЛИНА И ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ СО КОЈ НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА СЕ СООЧАТ И ДА ПРЕВЗЕМАТ НЕШТО.

Најнови вести