петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски уценува: Спас за Заев со носење на Законот за ЈО, па избори

Спасовски уценува: Спас за Заев со носење на Законот за ЈО, па избори

Техничкиот премиер Оливер Спасовски уценува најпрво да се донесат во Собранието сите закони, коишто, како што изјави денеска, биле многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распуштело Собранието и да се одело на избори. Се случува ли она на што предупредуваа експертите, а  прв го обзнани Љупчо Николовски, десната рака на Зоран Заев, преку Фејсбук? Со овој пристап и уцени, Спасовски ја исполнува агендата на својот лидер – по секоја цена да се донесе законот за ЈО кој во себе соддржи скриена амнестија за претседателот на СДСМ. Денеска, техничкиот премиер самиот ја потврди оваа најава.

„Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред се законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Тој се уште верувал и дека тоа и ќе се случи, и оти немало да има повеќе „неразбирливи“ одложувања на седниците на кои тоа требало да биде направено.

Спасовски најави и евентуално формирање ново парламентарно мнозинство, можност која вчера ја наговести исто како и одложувањљето на изборите – генералниот секретар на СДСМ Николовски на својот профил..

Во врска со тоа како ќе пратениците на СДСМ ќе гласаат во однос на распуштањето на парламентот на седницата закажана за в недела, Спасовски истакна дека требало да се почека да се види како ќе се одвиваат работите во собранието, со тоа повторно покажувајќи и на јавноста и на своите пролитички противници дека не бадијала е чувар на тронот на Заевб, епитет кој во јавноста го здоби со позицијата технички премиер.

Спасовски е упорен и по предлог што го достави лично тој за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, што е точка на дневниот ред на собраниската седница закажана за 15 часот, Собранието требало да работи и на оваа точка и како што вели, таа да се заршела. Експонентот на полтиките на СДСМ и на ликдерот Заев,  очекувал нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да се продолжело понатаму во изборниот процес, чин кој парадоксално токму тој и неговата партија го опструираат на секој можен начин.

 

Најнови вести