Нема раскол во ДУИ, па нели видовте вчера дека сите беа построени зад лидерот Али Ахмети. Вака одговори најблискиот соработник на Ахмети и прв вицепремиер на новинарско прашање поврзано со барањето на „огнената група“ за негово разрешување од функциите, посочувајќи на тој начин на вчерашната средба на скопската група од „огнените“ со лидерот Ахмети одржана во Мала Речица.
Прашан за барањето за негово разрешување и дали смета дека е незаменлив во ДУИ, Груби рече:
„Не само ДУИ, туку кој било општествен процес може без секого, но се наоѓаме во пресудни моменти на енергетска криза и на други кризи кога секој од нас треба да даде придонес за надминување на проблемите, пред сѐ во интерес на државата и граѓаните. Јас имам најмалку заслуги за ДУИ, најмногу заслуги секако има Ахмети, како и сите членови на ДУИ во изминатите години“.
Тој потоа и нагласи:
– Нема Ахмети потреба од ДУИ, туку ДУИ има потреба од Ахмети. Видовте вчера, сите беа построени зад Ахмети.