Милијарди евра помош на граѓаните на Србија и Словенија најавија институциите на овие две земји во услови на криза поради коронавирусот. Донесени се мерки за зголемување на примањата на најизложените вработени во борба против коронавирусот, задржување на платите во јавниот сектор, поддршка за компаниите, парична помош за сите граѓани, пензиски додаток за возрасната категорија со најниски примања.
Во меѓувреме, лошото менаџирање на економските политики во Македонија од владата на СДСМ ќе треба да се наплати од граѓаните. Доскорешниот премиер Зоран Заев за спас на земјата од голема економска криза, како една од мерките предвидува намалување (порамнување) на платите на функционерите и вработените од јавната администрација на 14.500 денари.
Додека во Србија и Словенија на граѓаните им се даваат пари од државата, во Македонија државата ќе зема пари од граѓаните.
Властите во Србија вчера претставија пакет економски мерки за помош на компаниите и граѓаните во висина од над 5 милијарди евра.
Српскиот претседател Александар Вучиќ посочи дека со мерките се опфатени и помош ќе им биде пружена на земјоделците, малите и средни претпријатија, но и големите компании. Надлежните размислуваат и за помош на млекарите. Посебна поддршка е планирана за угостителството и хотелиерството.
Вучиќ вели дека во исто време, платите во јавниот сектор нема да биде намалена, а нема да има намалувања ниту на пензиите, бидејќи земјата „се подготвувала за вакво нешто“.
Дополнително, Србија размислува наскоро да донесе одлука на секој полнолетен граѓанин да му даде по 100 евра дополнителна помош во овој кризен период, за што според пресметките ќе бидат одвоени 520 милиони евра.
Владата на Словенија, според извори, предвиде економски мерки во износ од над три милијарди евра.
Како една од економските мерки, премиерот Јанез Јанша ја донесе и одлуката за намалување на платите на владините претставници за 30 проценти.
Мерките кои се предложени од словенечката влада се насочени кон зачувување на постоечките работни места, продолжување на работата на компаниите и засилување на можноста за нивно преживување на состојбата со коронавирусот. Владата на Словенија овозможи и даночки олеснувања, одложени плаќања, зачувување на социјалната стабилност на земјата и овозможување на флексибилност во доделувањето на додатокот на плата за клучните служби во времетраењето на епидемијата.
Пензионерите, пак, со најниски пензии за време на кризата од коронавирусот ќе добиваат посебен пензиски додаток.
И наместо Заев, граѓаните да ги тргне настрана од чепкањето во нивниот џеб и домашните буџети, тој им вели ќе треба да стиснат заби. Неспособноста на Заев и СДСМ и недостатокот од 2,2 милијарди евра ќе ја трпат граѓаните на свој грб.
-Подобро сите да стиснеме заби два месеца, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра. Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари, вели во интервју за Фактор Заев.
Министерот за информатичко општетство и администрација Дамјна Манчевски е на иста линија со Заев и вели дека сите треба да покажат солидарност во овие времиња. Според него, треба да вложат сериозни напори за воопшто да се подели платата.
На ваквите предложени мерки на Заев остро се спротивставија дел од коалиционите партнери на Заев, опозицијата, но и огромен број на Синдикати од сферите на судството, здравството, образованието, бизнис секторот.