Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес имаше средба со Амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. На средбата, присуствуваше и генералниот секретар на Црвениот крст на Република северна Македонија, Саит Саити, како и неколку претставници од централната власт. Главна тема на разговорите беше начинот и видот на поддршката што единиците на локалната самоуправа од нашата земја може да ја обезбедат за настраданите од подрачјата зафатени од неодамнешниот катастрофален земјотрес што ја погоди оваа држава, како и Република Сирија.
Беше нагласено дека според утврдените потреби на населението од овие подрачја во Турција и во Сирија засега најпотребни се финансиски средства што се улаќаат на отворената сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес Во таа насока претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, уште еднаш упатува апел до сите општински совети и до општините, во рамките на своите можности да обезбедат првенствено парична донација, која, исто така се уплаќа на оваа отворената сметката на Црвениот крст, ЛИНК: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/
Посочено беше дека нема да бидат одбиени и донации во вид на материјални добра, а за нивна достава општините треба да ги контактираат локалните организации на Црвен крст. При тоа е утврдена и соодветна ЛИСТА на бараните материјали (во прилог ). Во согласност со добиените насоки од погодените држави беше потенцирано дека користени работи не се прифатливи како донација, а како најпотребни барани материјални средства од страна на настраданите, приоритет имаат: шатори, ќебиња и греалки.
Исто така, Ѓорѓиевски апелира до градоначалниците, доколку Црвениот крст утврди дека има потреба од отворање и на дополнителни пуктови за донација, освен веќе отворените, општините што поитно да излезат во пресрет на ваквите барања, односно да обезбедат соодветен простор и услови за таа намена.