сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средношколски глас со реакција за катастрофалната состојба со пандемијата

Средношколски глас со реакција за катастрофалната состојба со пандемијата

– Моментално ситуацијата со Ковид 19 пандемијата во Република Македонија од ден на ден се влошува. Кога на почетокот имаше по тројца заболени на ден беа преземени екстремни мерки беспотребно, но сега кога имаме по 1,275 заболени на ден и по десетици смртни случаи во еден ден, се носат шизофрени мерки како носење маска додека се движите сами на отворено, велат од Средношколски глас.

– Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести се должни да преземат одговорност за лошото менаџирање и манипулирање со Ковид 19 пандемијата. Исто така ако скапата терапија и протоколи на лекување во приватните клиники навистина даваат резултат, зошто истите не се применуваат и во државните клиники без за тоа да се плаќаат огромни суми за лекување кои што не секој граѓанин може да си ги дозволи ?, посочуваат.

Најнови вести