понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стејт Департментот за човековите права во Македонија: Тортура, закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови …

Стејт Департментот за човековите права во Македонија: Тортура, закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови …

Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Северна Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство.

-Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.

Стејт департментот истакнува и дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

360 степени објави детална анализа за критиките кои Македонија ги добива во овој извештај:

Тортура и нечовечко постапување

Во делот посветен на случаи на тортура и нечовечко постапување, Стејт Департментот во извештајот се повикува на податоци од Единицата за професионални стандарди (ЕСС) на МВР извести според кои во првите седум месеци од минатата година постапила по 38 пријави кои се однесуваат на употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеници. Притоа две од нив се потврдени, шест од жалбите се неосновани, а 30 се отфрлени поради недоволни докази. За двата случаи се поднесени кривични пријави против двајца полициски службеници за „малтретирање при вршење на должност“.

Затвори

И покрај физичките подобрувања во некои установи, затворот Идризово, во кој се сместени приближно 45 отсто од затворенците во земјата, е предmет на критiки во Извештајoт.

Се забележува дека се работи за дотраени објекти, сериозна пренатрупаност, при што некои затвореници се изложени на нехумани и понижувачки услови. Исто таа и распространетата корупција на затворскиот персонал се наведува како значаен проблем во затворскиот систем.

„Старата полуотворена единица на Идризово, која требаше да биде урната во 2018 година, сè уште функционираше во затворот до урнатините на поранешните работилници и приемна единица. Во однос на полуотвореното одделение, …„во моментот на посетата, имаше 91 затвореник сместени во 14 соби, од кои неколку беа сериозно пренатрупани; на пример, 16 лица во простор од 32 квадратни метри (345 квадратни стапки). Просториите беа во состојба на напредна расипување (распаднати ѕидови, скршени прозорски рамки и мебел, опасни импровизирани електрични инсталации, дупки на подот и таванот) и бедна хигиена (наезда од штетници, купишта несобрано ѓубре во ќелиите и влага). Комуналните санитарни јазли беа во лоша состојба со тоалетите на првиот кат кои испуштаа смрдеа и беа покриени со фекалии, чешми што капеа и инсталации за вода, поплавен под и без функционално вештачко осветлување…Условите во оваа единица, како и оние во Амбуланта, секако може да се опишат како нечовечки и понижувачки“, се констатира во извештајот.

Слобода на изразување и слобода на медиуми

Според Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) одговорот на органите на прогонот и на судските органи на случаите на насилство од трето лице и заплашување на новинари бил бавен и неефикасен.

Според Извештајот заклучно со 20 септември, Скопското јавно обвинителство разгледа 17 кривични пријави за закани и физички или онлајн напади врз новинари. Обвинителите утврдија дека три од тие претставки заслужуваат дополнителни обвинителски истраги, а три се упатени до Министерството за внатрешни работи поради квалификување како прекршоци. За останатите 11 нема доволно докази за кривично дело.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и други активисти за човекови права и слобода на медиумите пријавиле зголемување на случаи на говор на омраза. Меѓу нив се навредите и омаловажувањето на лекарите, искажани за време на протестите против вакцинацијата на 15 август во Скопје, а ЗНМ преку соопштение ги осуди вулгарните пораки и навреди кон медиумските екипи кои известуваа за протестите.

„Заклучно со 20 септември, Јавното обвинителство Скопје разгледа осум кривични пријави во кои се наведува декасе работ за ширење расистички и/или ксенофобични материјали преку компјутерски систем според кривичниот законик. Обвинителите отфрлија три од случаите и наредија дополнителни истраги за преостанатите пет“, се констатира во Извештајот.

Корупција и недостаток на транспарентност во Владата

Во делот кој го третира прашањето на корупција и недоволна транспарентност на власта, се наведува дека Владата генерално го спроведуваше законот, но имаше извештаи за функционери вклучени во корупција.

„Невладините организации изјавија дека доминантната улога на Владата во економијата создава можности за корупција. Владата беше најголемиот работодавач во земјата. Според министерот за информации, општество и администрација, на крајот на декември 2020 година во јавниот сектор имало 131 183 вработени лица. Претходно, некои поединци на платниот список на владата не се наоѓаа на соодветни позиции во администрацијата. На 19 јануари, Владата усвои план за распоредување на 1 349 државни службеници платени од Министерството за политички системи и односи со заедниците – кои во тоа време не работеле на реална позиција – на конкретни работни места во 237 владини институции. Владата на 27 април го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, затоа што одбил да ја спроведе владината одлука за распоредување на 35 државни службеници во неговата институција“, се вели во извештајот.

Целата анализа е на 360 степени.

Најнови вести