недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг контра Заев: АРМ во НАТО без разлика дали Законот за одбрана на СДСМ е усвоен или не!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со спротивен став на оној на СДСМ и Зоран Заев, кои НАТО членството го ставија под знак на прашање поради неусвоениот нов закон за одбрана со кој се зголемувала усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите и кој не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ логично не го гласа поради промената на името на АРМ. Правно, пак, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија нема да може да влезе во НАТО Алијансата. Експертите ова го толкуваат како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставаат во корелација со законот за ЈО кој треба да го спаси нивниот лидер од одговорност и криминал.
Столтенберг контра Заев: АРМ во НАТО без разлика дали Законот за одбрана на СДСМ е усвоен или не!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со спротивен став на оној на СДСМ и Зоран Заев, кои НАТО членството го ставија под знак на прашање поради неусвоениот нов закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите и кој не може дасе усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство.

Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што со новиот закон се преименува и АРМ односно Армијата на Република Македонија. 

Во сегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на Северна Македонија во Алијансата.

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија нема да може да влезе во НАТО. Експертите ова го толкуваат како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставаат во корелација со законот за ЈО, кој се претставува како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба да го спаси нивниот лидер од одговорност и криминал.

Најнови вести