Загрижени граѓани, родители и жители со денови наназад простестираат за дислокација на Центарот за зависници од Кисела Вода.
Се жалат дека секојдневно наидуваат на медицински отпад, шприцеви и игли на кои веќе неколку жители тврдат се имаат боцнато.
Граѓаните на Кисела вода според нивните изјави живеат во страв дека ќе нагазнат на некоја игла и ќе се заразат со некоја заразна или неизлечива болест, се плашат и за здравјето на децата, за сликите кои ги имаат тие пред своите очи.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации.
Според него засега е најдобро сегашното централизирано решение со оглед на недостигот на персонал.
Граѓаните кои протестираа и денес рекоа дека во понеделник ќе ги продолжат протестите.