понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот брза да ги исполни нарачките на Заев: Ново рочиште за Тенк

Јавноста наместо да биде фокусирана на државно значајните теми, како што се преговорите за името на државата, преку медиумската ергела на власта и се сервираат политички монтирани случаи во режија на СЈО и СДСМ. Граѓаните наместо да бидат запознаени со работите за кои власта преговара се бомбардираат со информации за монтираните случаи против поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
Судот брза да ги исполни нарачките на Заев: Ново рочиште за Тенк

Како што навлегуваат во понапредна фаза преговорите за името на Република Македонија со Грција, кои ги водат Заев и Димитров, така притисокот врз поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на СЈО е се поголем. СДСМ ги користи како начин на дефокусирање на јавноста случаите против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и останатите поранешни државни функционери од распродажбата на државните интереси.

Јавноста наместо да биде фокусирана на државно значајните теми, како што се преговорите за името на државата, преку медиумската ергела на власта и се сервираат политички монтирани случаи во режија на СЈО и СДСМ. Граѓаните наместо да бидат запознаени со работите за кои власта преговара се бомбардираат со информации за монтираните случаи против поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес ново судење за случајот Тенк, каде обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, министерката во МВР Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски. Јавноста веќе виде дека случајот Тенк претставува креиран случај без докази, во кој СЈО со помош на вештаци – видни поранешни функционери на СДСМ сака да фабрикува докази.

Имено, во случајот Тенк како вештаци се јавуваат Герамичиоски и Бузлевскии двајцата поранешни функционери на СДСМ. Тале Герамитчиоски е поранешен пратеник и заменик министер за образование од СДСМ. Герамитчиоски е ангажиран како вештак во фирмата на Димитар Бузлевски, поранешен министер од редовите на СДСМ и градоначалник на општина Ресен.

Гордана Јанкулоска во изјава за медиумите по завршувањето на едно од претходните рочишта за случајов рече:

– При спроведување на вештачењето по наредба на СЈО, ниту јас, ниту пак моите бранители немавме можност да учествуваме во давањето предлози во истакнување приговори и забелешки и сето тоа да биде забележано во записник. Кај мене постои објективно оправдан сомнеж за објективноста на вештачењето во врска со лиценците, но и по однос на политичката кариера на Тале Герамитчиоски, кој извршувал висока партиска функција. Тој бил избран и именуван по предлог на СДСМ во време кога јас извршував исто така висока политичка функција, генерален секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, член на Владата номинирана од партија, политички опонент на партијата што го избрала вештакот. Барам судот да го земе предвид ова мое сомневање за неутралноста на вештаците бидејќи ваквиот нивен политички ангажман го загрозува правото на моја одбрана.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште во јули минатата година на пресконференција за случајот Тенк рекоа дека е правен преседан и е дел од политичката нарачка со која се оцрнуваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

-Самиот случај е правен преседан. Фактите се следни: за набавка на автомобилот спроведен е тендер. По изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки. Автомобилот е набавен поради тоа што постојниот беше две децении стар, амортизиран и со помината безбедносна ефикасност. Македонија сега има барем едно репрезентативно возило. Токму СЈО направи политички случај кој е извор на манипулации и дезинформации. За имот кој останува во наследство на Република Македонија. Ова е уште еден еклантатен пример каде се доказува пристрасноста и политичката хајка која ја води СЈО, рече Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести