понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светот во изолација, а Македонците „мува не ги лази“: Heмa ништo од ова бе, обичен виpyc како гpип, коментираат граѓаните (ВИДЕО)

Светот во изолација, а Македонците „мува не ги лази“: Heмa ништo од ова бе, обичен виpyc како гpип, коментираат граѓаните (ВИДЕО)

Додека светот дисциплинирано и строго ги следи мерките и препораките на надлежните власти, Македонците „мува не ги лази“ па препораките на Филипче и на Владата ги почитуваат само по 18.00 часот, пишува Инфомакс.

Градскиот парк во Скопје попладнево беше полн со народ, иако дел од анкетираните граѓани пред камерата на „Инфомакс“ сведочеа дека бројот на посетители на паркот е намален за 50%, што пак е далеку од она што би требало да биде слика во моментов.

Сериозноста на заразата со КОВИД-19 не доволно ја разбрале и родителите кои сметаат дека ова е „како обичен грип, ништо посебно“, дури некои коментираа и дека се работело за некоја теорија на заговор.

Имаше и такви кои беа ем недициплинирани и неодговорни кон себе и општеството, туку беа и некултурни кога ги запрашавме зошто не ги почитуваат препораките.

Извор: Инфомакс.мк

Најнови вести