понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор

Централното собрание на ДПА  денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово одржува состанок околу понудата од премиерот Заев за влез во Владата.

Пред почетокот на состанокот, претседтелот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот, ДПА политички и кадровски да стане дел од Владата.

– Мислам дека нема да му биде тешко на Централното собрание да одлучи, поаѓајќи од конструктивното однесување на ДПА за време на политичката криза и конструктивниот пристап на новата Влада за реформи и особено за интеграциските процеси за кои имаме точни информации дека ќе имаат позитивен напредок и затоа се надевам дека Централното собрание ќе донесе позитивна одлука, рече Тачи.

Во однос на кадровските решенија, Тачи посочи дека ДПА ќе добие министерско место, министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции и заменик министер за транспорт и врски, додека за другите позиции формирани се работни групи за да се договорат и овие кадровски решенија. Меѓутоа, како што рече Тачи, прв принцип за сите кадри е договорено да биде исполнување на професионалните и моралните стандарди.

Седницата е се уште во тек и по нејзиното завршување се очекуваат и конкретни имиња на предложените кандидати.

МИА

Најнови вести