четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски: Ниту Шекеринска, ниту Заев ниту Пендаровски не гукнаа на тешки навреди од Каракачанов и бугарската власт

Тасевски: Ниту Шекеринска, ниту Заев ниту Пендаровски не гукнаа на тешки навреди од Каракачанов и бугарската власт

Според мене самиот тој договор што го направија со Бугарија е направен во еуфорија, непромислена еуфорија во смисла ме понесе песната мавнав две три жти и ветив се и сега на нив, на тие што го потпишаа им изгледа дека нема назад, но хартијата се трпи, тој договор е парче хартија. Значи се додека македонската страна, македонската власт постапува според она што го договорила со тој договор е како да се коцкаш во туѓа игра, ти секако губише куќата добива. Се додека се држиме до тој договор, ние ќе бидиме единствените жртви од тоа преговарање, смета Сашо Тасевски поранешен директор на Драмски театар во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Според Тасевски, колку Бугарија да омекне, или Германија да помогне, сето она што ќе остане ќе биде на штета на Македонија, бидејќи како што рече владата на СДСМ има ставено голем влог во туѓа игра.
Без разлика колку Бугарија ќе омекне, колку Германија ќе ја убеди или нема да ја убеди сето тоа што ќе остане, затоа што нашите премногу голем влог имаат ставено во туѓа игра. Така да дури и она што ќе остане за нас од сето тоа ќе биде на наша штета, рече тој и додаде:

Во старт вистински начин би било после сите овие навреди кои што ги доживеавме од највисоките претставници на бугарската власт, вклучително и Каракачанов кој со најтешки навреди го оцрни нашиот јазик и рече дека е есперанто и за вистинско чудо јас не слушнав после такви навреди и после тоа дека војска ќе ни влезе, дека инжинерски единици ќе ни ги тргаат спомениците без разлика кој и зошто ги постави тие споменици, значи после такви тешки навреди ти како министер за одбрана Шекеринска, или премиер, или претседател на држава да не гукнеш и да молчиш да не кажам како што навистина не можам да ја замислам каде оди таа сервилност на нашата власт.

Тасевски посочи дека предлогот на Милошоски за свикување на комисија за надворешна политика власта мора да го прифати под итно бидејќи како што рече за оваа работа власта мора да и подаде рака на опозицијата и да се донесе меморандум или декларација од кои што нема да има отстапување, а доколку некој отстапи веднаш да одговара за велепредавство.

Тоа што вчера им го предложи Антонијо Милошошки мислам дека власта под итно мора да го прифати. За оваа работа мора да и подаде рака на опозицијата, мора да седнат и апсолутно се во право, под итно мора да се свика собранието, под итно мора да се донесе како сака нека го наречат меморандум или декларација. Дај еднаш Македонците да се соберат и да кажат ова се нашите национални интереси, ова е приказната за нашето потекло, ова е приказната за нашиот опстанок, ова е нашиот идентите, ова е нашиот јазик, ова е нашата култура и историја, од ова кој отстапи, автоматски ќе одговара за велепредавство, вели Тасевски.

Најнови вести