сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАЖНИ СЛИКИ ОД ЛИЦЕ МЕСТО: Разлетани кафиња по патот, смачкани автомобили во кои загинаа две лица, а три се тешко повредени (ФОТО)

ТАЖНИ СЛИКИ ОД ЛИЦЕ МЕСТО: Разлетани кафиња по патот, смачкани автомобили во кои загинаа две лица, а три се тешко повредени (ФОТО)

Регионалната ТВ во Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографии од несреќата што утрово се случи кај Росоман, во која загинаа две лица, а повеќемина се повредени.

За потсетување, утрово имаше верижен судар, во кој учествувале четири автомобили.

„На лице место на настанот се присутни јавен обвинител, полициски службеници и пожарникари. Повеќе информации не можам да дадам“, кратко ни изјави порпаролот на СВР Велес, Ристо Самарџиев во телефонски разговор.

Итната медицинска помош веднаш заминала на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Во спасувачката акција биле вклучени и вработени кои не биле на смена, но биле спремни да помогнат во секој момент.

„Смртта кај двете лица беше констатирана на лице место“, изјави д-р Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.

На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

Најнови вести