Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Во недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи дожд.
На места врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со грмежи и засилен северен ветер.
Температурите ќе опаднат за 6 до 9 степени. Во почетокот следната седмица утринските температури ќе бидат под нула.