Учениците од Ново Село го дочекаа 1-ви септември со изгорено училиште. Помина повеќе од една година откако училиштето во Ново Село во општина Боговиње го зафати огнот. Оттогаш, ниту министерството па ниту општина Боговиње не презеле мерки за поправање на школото, јавува Тетова Сот.
Денес родителите на учениците од ова село протестираа барајќи да се преземат мерки за да се изгради училиштето за учениците да продолжат да учат во нормални услови.
“Денес ние протестираме, ова училиште имаше 200 ученици и нема каде да се продолжи со наставата се додека не се изгради, ние нема да дозволиме да се продолжи со лаги. Ние денеска ќе разговараме и со министерот за образование кој треба да дојде во 15.00 часот и од него ќе побараме веднаш да се започне со изградба на училиштето”, кажа за Тетова Сот родител кој вели дека ќе продолжи да протестира.
Инаку пред една година ова училиште го посети вицепремиерот Хазби Лика, кој што вети дека ќе се преземат мерки за изградба на училиштето.