петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРЕТ ДЕН ПО РЕД СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ НОВО СЕЛО: Во прекин сообраќајот

ТРЕТ ДЕН ПО РЕД СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ НОВО СЕЛО: Во прекин сообраќајот

Магистралниот пат село Ново село – граничен премин Ново Село е затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот е во прекин од 17:30 часот, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.

И вчера и завчера овој пат беше затворен за сообраќај поради сообраќајни несреќи.

Пешак бил усмртен во сообраќајна несреќа која завчера попладне се случи на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, потврдија од МВР за Курир.

-На 1 ноември во 17 часот во СВР Струмица било пријавено дека патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево, изјавија од МВР за Курир.

Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Исто така, поради сообраќајна несреќа и вчера од 17:30 часот беше затворен за сообраќај магистралниот пат село Ново село – Граничен премин Ново село.

Најнови вести