сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРИ ДЕНА ЌЕ ВРНЕ СНЕГ – еве какво време не очекува во следните денови, особено облечете се потопло овој ден од неделата!

ТРИ ДЕНА ЌЕ ВРНЕ СНЕГ – еве какво време не очекува во следните денови, особено облечете се потопло овој ден од неделата!

Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни и повремено поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степени.

Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, кога во западните делови во повисоките подрачја ќе бидат од снег.

И во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови дополнително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Најнови вести